Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања очекува за Законот за јазиците да гласа и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што кажа тој, партијата на Никола Груевски констатирала дека имале погрешен пристап и има јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница.
„Тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност ВМРО да го коригира ставот и заеднички со консензус да го донесеме Законот за јазиците. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Османи.
Ова денеска во Клубот на пратеници беше изјавено од страна на Османи кој заедно со министерот за правда, Билен Салији , организираа работна средба посветена на имплементацијата на реформите од План 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството.