Османи-Селаковиќ: Неопходни добрососедски односи за стабилен и просперитетен регион

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржа во Анталија, Турција, оствари средба со неговиот српски колега Никола Селаковиќ, на која ги реаформирале заемните заложби за одржување континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

Со особено внимание и задоволство, како што соопшти МНР, биле разгледани конкретните проекти и зголемената динамика во регионалната соработка, како во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, така и во пресрет на одржувањето на самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој во рамки на берлинскиот процес ќе се одржи во Софија, идната недела.

-Ние, земјите од регионот имаме заедничка цел, обединување под капата на ЕУ. Развој на односите и соработката во регионот претставуваат дополнителен поттик за реализација на европската перспектива, но и автеничен извор на стабилност и предвидлива иднина, што е основен интерес на секоја земја од регионот нагласил министерот Османи.

Соговорниците ја потенцирале и досегашната одлична соработка меѓу двете држави, како и последната одлука на премиерите на Северна Македонија, Србија и Албанија за отворање на границите за непречен проток без потреба од приложување на тестови, почнувајќи од 10 ноември 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e