Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не потребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг.
Тој додаде дека се работи и за луѓе во институции, за кои се смета дека се на иста линија со тие кои ги коментираше бугарскиот премиер Кирил Петков, но не одговори дали дипломатите на Русија кои се протерани од Македонија, се поврзани со лошите односи со Бугарија.
-Не можам да зборам за конкретните активности јавно. Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели, кажа Османи.