Османи – Грвала Шварц: Интензивирана соработка за проекти за инфраструктурно поврзување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес се сретна со заменик-премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Грвала-Шварц.

Како што соопшти МНР, за време не разговорите беа потврдени блиските односи и соработка меѓу двете држави, како и посветеноста на заштита и негување на добрососедските односи.

-Беше констатирано дека без оглед на многу добрите показатели на економската соработка, постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфраструктурно поврзување, но и во други области, како што се туризмот, културата, образованието, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e