Организаторката на протестот на матичните лекари Дрвишова наплатитла 3.600 евра за капитација изминатиот месец

Претседателката на Здружението, докторката Лилија Чолакова Дервишова, која го води и го организира протестот на матичните лекари, месечно добивала 3.600 евра за капитација (3.578 евра), пренесе Центар.мк.

Доказ за тоа е фактурата која е доставена до редакцијата на Центар.мк од приватните лекари.
3a3c709e-59a2-426c-9793-a3829f1bd210-scaledПрашањето е од што е незадоволна Дервишова? Што во време на криза добива речиси 4.000 евра месечно?

Докторката Лилија Чолакова Дервишова треба да се изјасни за овие фактури и да одговори од што е незадоволна.

Ова фрла голем сомнеж за протестот на матичните лекари. Дали е поради реално незадоволство или многу поизвесно е дека протестот има друга позадина, политичка.

Имено, Лилија Чолакова Дервишова е познат член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Велес.

Позната е во јавноста што поведе иницијатива пред Уставниот суд за оспорување на одлуката за наградување на здравствените работници во борбата со Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e