Од затворот Скопје во Шуто Оризари за Телма потврдија дека денеска се пријавени за издржување на едногодишната затворска казна, двајца осудени со спогодба во случајот Империја. Станува збор за Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ.
-Добив известување дека двајца осудени за случајот Империја се пријавиле за издржување на затворска казна во затворот Скопје. Казната треба да почнат да ја издржуваат на 1-ви јуни, изјави за Телма директорот на скопскиот затвор Филип Андов.