Општина Ѓорче Петров ја изготвува локалната стратегија за родова еднаквост 2017-2022 во рамки на проектот UN Woman „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ со финансиска поддршка од Австриската развојна aгенција и Швајцарската aгенција за развој и соработка.
Целта на стратегијата е да се зајакнат досегашните напори и постигнувања во областа на еднаквите можности на жените и мажите и креирањето на родово одговорни локални политики во општината.
Во изготвувањето на стратегијата за родова еднаквост учествуваат Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, претставници од општинската администрација, претставници од „UN Woman“.
За поврзани вести продолжете надолу