Опозицијата со два блока на избори, десницата надвор од фронтот на Заев, на конгресот на СДСМ и Црвенковски

Опозиција на 11 декември ќе му се спротивстави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во два блока-здружен опозциски фронт и десница.

За ова според информациите на 24 вести, утре првиот социјалдемократ Зоран Заев ќе побара поддршка од Конгресот на СДСМ.

Анализите на терен и истражуваат покажале дека сепак десниот блок – во кој би биле партиите на Љубчо Георгиевски , Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, Фродем на Јове Кекеновски, ДС на Павле Трајанов подобро и поприродно на терен да истрча како посебен блок надвор од фронтот што го заговара СДСМ и Зоран Заев.

Во фронтот пак на СДСМ, според, партиски извори освен досегашните партнери, кои најверојатно, според проширувањето на предизборната коалиција ќе изгубат по некое пратеничко место, веќе учество договорила Лилајана Поповска и ДОМ, се преговара и со Левица, додека со Иван Величковски и ЛП, според истите извори се уште нема никаков контакт.

Во односо на предизборната македонско – албанската коалција, тоа прашање на конгресот најверојатно нема да се отвори. Според брифинзите од Бихаќка, овие избори вонпараламентарните партии на Албанците – ќе останат надвор од фронтот на Заев и во албанскиот дел ќе се обидат сами да им се спротистават на Али Ахмети и Мендух Тачи. Колку партиите на Села, Острени, Османи и Беса на Касами ќе успеат да истрчаат заедно останува неизвесно. Од СДСМ брифираат, дека, иако опозициските вонпараламемтарни партии ќе останат надвор од фронтот на СДСМ, тоа нема да значи дека на листите според планот на Заев нема да се најдат Албанци. Планот е, според информациите, кандидатите на СДСМ да бидат мултиетнички.

Освен за форматот на настапот на изборите делегатите на Конгресот на СДСМ, ќе дебатираат и околу планот на СДСМ во однос на итните програмски приоритети кои ќе им бидат презентирани.

Планот на социјалдемократите е на Конгресот во отворениот дел да бидат поканети повеќе јавни личности, граѓани, кои ги поддржуваат политиките на СДСМ, преставниците на Шарената револуција, како и претставници на партиите кои ќе се најдат во фронтот на Заев. Од СДСМ велат, дека в недела своето присуство го потврдил и екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e