На Фан страната на интернет порталот Револуционер.прес во изминатите седум дена беше спроведена анкета за предвремени парламентарни избори 2020 година.
На прашањето “Која политичка партија ќе победи на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година ?” гласаа 4.400 корисници на Facebook.
За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија својот глас го дале 3.100 испитаници, а додека 1.300 својот глас го дале за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Процентуално 70% од испитаниците сметаат дека СДСМ ќе победи на изборите.