“Новата сезона на ТОП ТЕМА стартува од 19 Септември. Дел од тимот ќе биде и Оливера Трајковска. И посакувам добредојде!!!” – напиша на својата Фејсбук фан страница, главниот и одговорен уредник на ТВ Телма, Боби Христов.
Оливера Трајковска веќе неколку години ја гледавме на 24 Вести каде секој четврток ја водеше дебатната емисија Вин-Вин.