Октомври е месецот кога нашата држава ќе биде центарот на повеќе значајни настани во делот на земјоделството.

– На 03 октомври за прв пат во официјална посета на Северна Македонија доаѓа Федералниот министер за земјоделство и храна на Германија Cem Özdemir на моја лична покана уште на саемот во Берлин. Значајна е поддршката која ја добиваме од пријателска Германија. Она што сакам да го најавaм е и Националниот саем за храна кој ќе се одржи на 7 октомври, а на кој годинава ќе се претстават дупло повеќе мали произведители, досега се пријавени над 400. Ова е доказ дека она што посветено со срце го работиме вроди со плод, посочи вечерва во вестите на Сител, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.