Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи може кривично да одговара како повикувач за кршење на владините мерки за забрана на движење во екот на пандемијата со коронавирус, ако ја оствари заканата дека ќе ја повлече одлуката верниците да се молат дома место во џамија, реагираат од Обвинителството.
Освен Реџепи, по член 206 од Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство, ќе одговараат поединечно и верниците од муслиманската вероисповед кои ќе бидат затекнати во џамиите ширум земјава, зашто владата со заострување на мерките забрани групирање на повеќе од 2 лица надвор од домовите.