“На 28.08.2017 година околу 05,50 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ во “Астра клуб“, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршил разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари. Сторителот најнапред влегувајќи во казиното физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот по што оштетениот паднал на подот. Потоа сторителот го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.” – стои во билтенот на МВР.