Штотуку заврши 16-тата седница на Централниот одбор на СДСМ на која се донесоа одлуки за составот на идната влада предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев како премиер.
Заев ги соопшти имињата на министрите во новата македонска влада:
Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура
Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, а министерството за локална самоуправа го добива ЛДП.
Претходно вечерва, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги објави кандидатите на неговата партија за министри: Артан Груби, како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи министер за надворешна работи, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини за животната средина, додека за министер за информативно општество ќе треба да се направат уште дополнителни консултации. Тој потврди дека претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери .