Со одлуката на владата, Македонија воведува полициски час со кој, од утре, 22 март, се забранува движење на граѓаните во период од 21 часот до 6 часот изутрината, објави на Твитер премиерот Оливер Спасовски.
Одлуката е резултат на зголемниот ризик од ширењето на Корона Вирусот.
Моментално во државата има 85 заболени од болеста и оваа бројка е со тенденција да се зголемува и затоа Владата се одлучува за воведување на ограничување на движењето, со цел спречување на понатамошно зголемено ширење на Ковид – 19.