Со сопштение за јавност се огласи специјалното јавно обвинителство.
„Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на истата.“ изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работатата на ова Јавно обвинителство, сепак Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот.
Предходно специјалниот обвинител во комисијата изјави дека иако досега одговорила на сите прашања и се врши мобинг и дека веќе нема да се врати во комисијата, како и тоа дека комисијата намерно ја држи со цел да ја спречи вршење на работата.