Официјално е откриено колку е ЈАВНИОТ ДОЛГ на државата

Министерството за финансии информира дека на неговата веб-страница се направени промени на структурата, па сега на посетителите лесно достапни ќе им бидат извршувањето на буџетот, како и јавниот долг и долгот на државата.

„За да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии, на официјалната интернет-страница http://www.finance.gov.mk/mk додаден е посебен оддел „Статистика“, во кој лесно достапни се сите поважни информации, како што се: извршувањето на буџетот, јавниот долг и долгот на државата, макроекономски индикатори и статистички прилог. Најважна промена е почнувањето на објавување на податоци кои досега не биле достапни за јавноста. Прв таков податок е извештајот за месечните приходи и расходи на различни буџетски корисници. Со него јавноста секој месец ќе има увид во состојбата кај сите пооделни буџетски корисници“, информираат од Министерството за финансии.

Најинтересен податок за кој се дискутираше повеќе време а предходната влада немаше многу интерес да го објави е состојбата со јавниот долг на државата кој изнесува вкупно 4739,7  милиони евра или 46% од БДП.

Ова ниво на јавен долг не става во категорија на умерено задолжени кон високо задолжени земји. Со оглед на тоа за што парите од кредитите главно се трошеа на непродуктивни инвестиции како споменици но и за тековни потреби на владатапа, долгот ќе мора постепено да се намалува за земјата да остане кредитоспособна и да ги сервисира обврските настанати години наназад.

Од министерството додаваат дека за олеснување на научно-истражувачката работа на експертската јавност и на новинарите, сите податоци отсега ќе бидат објавувани во отворен формат „ексел“ наместо во „пдф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e