ОФИЦИЈАЛНО: Целосна забрана за движење во Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре од 21 часот до понеделник до 05 часот

Воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро, изјави на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e