Људмил Кљусев – синот на Никола Кљусев, првиот премиер на РМ и министер за одбрана во владата на Вмро – Дпмне, останува и понатаму во притвор откако на негово барање беше одложено судењето за нелегално дистрибуирање на наркотици.
Кљусев беше уапсен на 12 ноември во САД, каде е обвинет дека како психијатар на пациентите им препишувал големи количества лекови „aдерал“ и „занакс“ за кои тие му плаќале во готово.
Доколку се прогласи за виновен, максималната казна која може да ја добие за ова дело е 20 години затвор.
Синот на вмровскиот министер и премиер, исто така е обвинет и за перење пари, за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.