„Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност. Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани“, велат од СДСМ.
„После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.
СДСМ дава силна поддршка на институциите за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад и повикува да не се прави политизација и злоупотреба на случајот, ниту сензационализам и напад врз сите медицински лица“, се наведува во соопштението на СДСМ.
