Од утре во земјава плаќањата во евра ќе бидат побрзи

Од утре во земјава плаќањата во евра ќе бидат поевтини и побрзи. Земјава официјално станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

Со ова, надоместоците за трансакции во евра ќе бидат значително пониски, а парите ќе стигнуваат до примателот најчесто во рок од еден работен ден без разлика од која држава на СЕПА се врши плаќањето.
Народната банка, која ги координираше активностите за влез во СЕПА, во јули лани ја поднесе апликацијата за членство во СЕПА, а одобрението го доби на 6 март годинава.

– Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e