Од утре официјално е во употреба бројот за итни повици – 112

Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во петок на свечена церемонија во Александар Палас официјално ќе го пуштат во употреба бројот за итни случаи 112 во Северна Македонија.

Воведувањето на европскиот број за итни повици Е-112 беше овозможено со поддршка на Европската Унија.

„Официјалното пуштање во употреба се случува на Европскиот ден 112 – меѓународен ден, одреден од Европската унија за да го промовира постоењето и соодветното користење на бројот 112 за итни случаи користен ширум Европа. Од денеска, европскиот број за итни случаи 112 се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата. Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните“, соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи е поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e