„Зголемената фреквенција“ на луѓе ќе продолжи од понеделник следната недела, кога,се очекуваат „значајни личности“ во СЈО, дознава Мета.
Ова денеска го потврди и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на неколкуте новинари што претпладнево чекаа пред СЈО, евентуално да не се појави некое лице на распит.
– Денеска и до крајот на неделава нема да има повикани лица. Од понеделник… – рече Јанева.
Инаку, Јанева на 15 август изјави дека „во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица“ во СЈО.
Досега од поистакнатите политички личности во СЈО беа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот шеф на петтата управа на МВР, Горан Грујовски, двајцата осомничени во случајот „Тврдина“, потоа лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен член на Државата изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, лидерто на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, и Арифхикмет Џемаили, кој беше министер за култура од редовите на ДПА, во периодот од 2007 до 2008 година.
Извор: Мета(линк)