По долгиот период на невообичаено студено време за месец септември, кое беше проследено со чести врнежи, па дури истото го донесе и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија, во периодот од 23 септември, па се до 30 септември, ни следува период на значително потопло време преку ден и со температури кои повторно ќе бидат малку над просекот за овој период од годината.
Секако, токму ова ќе биде и проследено со претежно стабилно и суво време со многу сончеви периоди. Краткотрајна промена на времето очекуваме вечерта на 24 септември, и во среда (25 септември), кога од запад над нашата територија ќе помине еден влажен воздушен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд, но сепак, веќе како што кажав сето ова ќе биде краткотрајно, па така од четврток повторно времето ќе се стабилизира и ќе имаме многу сончеви периоди.