Најава: На 07.08 (понеделник), продолжува со работа веб порталот Буревесник. Продолжува со експлицитна тема, заташкан секс скандал во врвот на АРМ.
Па потоа ќе си оди се по ред, како што е ред…
Ова на својот фејсбук профил го напиша новинарот Зоран Божиновски, кој пред да биде ставен во притвор објавуваше скандалозни информации за функционерите на ВМРО – ДПМНЕ.
Со оглед на тоа дека, според Божиновски, тој е предмет на наместен случај против него, се очекува и новите информации да се однесуваат токму на функционерите на ВМРО – ДПМНЕ.