Од полноќ ПОСКАПУВА ДИЗЕЛОТ – Ова се цените кои ги објави Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе нова одлука за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, со примена на повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно измените на Законот за данок на додадена вредност.

Од 24 март 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 денари за литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 денари за литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 денари за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 денари за литар

Мазут М-1 НС – 47,610 денари за килограм

Со најновата одлука, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

Од друга страна, цената на дизелот се зголемува за 3,50 денари по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2,50 денари по литар. Зголемување има и кај мазутот М-1 НС, кој поскапува за 0,157 денари по килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимално утврдени цени, а трговците имаат можност да ги формираат продажните цени и пониско од утврденото ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e