Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ следува ново намалување на цените на горивата.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 74 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 76 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1 денар по литар. Новата цена на дизелот ќе изнесува 67,5 денари, а на екстра лесното масло 67 денари за литар.
Цената на дизелот е најниска од почетокот на јуни годинава.