Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.