Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Промени има само кај дизелот.
ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува непромената, односно 66,5 денари по литар, и исто важи за мазутот кој се продава по 45 денари по килограм.
