Од Иванов зависи дали ќе има повисока минимална плата

Доцна вечерва пред истекот на рокот, претседателот Ѓорѓе Иванов ќе го потпише ребалансот на буџетот, потврдуваат за ТВ21 од кабинетот на претседателот.

Иванов е надвор од Македонија но сигурно ќе се врати пред полноќ и рокот ќе биде запазен. Претседателот Иванов секогаш се изјаснувал во законски предвидениот рок, така ќе постапи и сега, додава неговиот портпаролот. Додека Иванов е на годишен одмор, указот за ребалансот на буџетот седум дена чека во Вила Водно.

Откако ќе биде ставен параф ребалансот треба да биде објавен во „Службен весник“,со што стапува во сила. Од министерството за финасии се надеваат дека претседателот Иванов навремено ќе го потпише законот, а пак од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери нагласуваат дека доколку Иванов го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

Со ребалансот на буџетот е предвидено зголемување на минималната плата на 12 000 денари, оштета за стечајните работници, зголемени субвенции за земјоделците и доста други работи кои беа ветени во изборната програма на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e