Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2017/2018 година.
Како што соопшти МОН, на Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2017/2018 година имаат право да конкурираат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.
Начинот на аплицирање, како и критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, се објавени во самиот Конкурс.
Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне на 17 јули 2017 година.
За аплицирање одете на следниот линк.