Од Чулев нема објаснување зошто вчера полицијата не го спречила групирањето на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“

Членовите на Кризниот штаб, утрово побарале одговорност од министерот Наќе Чулев поради непостапување за спроведување на мерките за заштита од коронавирусот, дознава „А1он“.

Од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, било побарано да не го загрозува здравјето на граѓаните, да постапува согласно уредбите на Владата донесени за заштита од коронавирусот, а не селективно, како што членови на Кризниот штаб сметаат дека се работело досега.

На состанокот, од Чулев немало објаснување ниту зошто вчера полицијата не го спречила групирањето на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ пред црквата Свети Спас, ниту пак, презела дејство за да не се прекршуваат донесените уредби, велат извори за „А1он“.

Членовите на кризниот штаб изразиле сериозна загриженост за улогата на структурите од МВР и за неодговорното однесување, со што, според нив, директно се става во ризик здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e