Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.

Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет.

-Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги надминува оние 5 000 што ги зборувавме за време на кампањата, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Мицкоски во посета на Клиниката беше заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e