ОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЛИЦЕТО КОЕ ПУКАШЕ ВО “ИСТ ГЕЈТ” Од МВР повикуваат граѓаните кои имаат било каква информација да пријават

Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, од МВР ја информираат јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.
– Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, пишува во известувањето од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e