Објавен јавниот повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Од денеска започнува постапката за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари.

Јавниот повик се однесува на регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повикува сите земјоделци, физички и правни лица да се јават на јавниот оглас во рок од 30 дена.
-Нашата цел е во ова време на глобална криза да го ставиме целокупното државно земјиште на располагање на земјоделците, со што ќе го зголемиме домашното производство, порача министерот Николовски.

Повеќе информации околу постапката може да видите на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e