Обезбедувањето морало да реагира за присуството на малолетници во дискотеката или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот, вели претседателката на Комората за приватно обезбедување Верица Милевска-Стефановска која сведочеше на денешното судско рочиште за пожарот во Пулс.
Милевска-Стефановска одговори и потврдно на прашањето дали употребата на пиротехниката претставува безбедносен ризик.
Милевска – Стефановска говореше и за законските процедури за добивање лиценци и за обврските при склучување на договорите за обезбедување.
Денешното судско рочиште се одржува откако вчера се одбележа една година од трагедијата во Кочани во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
За трагедијата во Кочани обвинети се 34 физички и три правни лица.
