Започна 43 Конференција на Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) на која министерот Николовски заедно со уште 100 министри колеги од светот ќе дискутира за моменталната состојба околу обезбеденоста со храна во услови на повеќекратни кризи, кои имаат сериозно влијание на земјоделеско-прехранбените сектори на глобално ниво.

Главната тема на која се презентираат анализи и препораки од експертите и ќе се донесат одлуки за понатамошно дејствување на ФАО е „Интергирано управување со водните ресурси“.






