За првпат во историјата на македонското здравство обезбедивме современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови и современа терапија. – информира првиот човек на ресорот здравство Венко Филипче.
Воведуваме иновативната биолошка, моноклонална и таргет терапија за сите пациенти за кои имаат потреба од лекување со ваков тип на терапија, а на кои досегашната хемотерапија немала позитивно дејство. Станува збор за 30 нови биолошки лекови кои се исклучително скапи, а успеавме да ги обезбедиме за најголемиот број на пациенти кои се со хемато-онколошки малигнитети, но и пациентите со солидните тумори. 2019 е година на воведување на современа имунолошка терапија за малигните хематолошки заболувања. – вели Филипче.
Успеавме да направиме концепт кој функционира следејќи ги современите практики, со заштеда на средствата од лекувањето на странство, се создадоа услови за креирање на современи услови за третирање на истите болести во Северна Македонија. На овој начин успеавме да донесеме современи лекови, пациентите да бидат дома додека се на терапија, а притоа да има одлични резултати во нивното лечење. Досега оваа терапија беше достапна само за органичен број на пациенти или пак набавувана со прекини, отсега ќе биде достапна за сите пациенти на кои им е неопходна. Клиниките за онкологија, за хематологија, за ревматологија, за неврологија и други болници ќе бидат во можност непречено да набавуваат современа терапија за голем број малигни, автоимуни и инфламаторни заболувања.
Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.