Ново одолговлекување на „ТНТ“, адвокатите добија парични казни

Казни во висина од по две илјади евра добија адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков за грубо навредување на Судот и одолговлекување на постапката на денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ”.

Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Неприсуството на адвокатите, Судот го оцени како грубо навредување и одолговлекување на постапката и рече дека обвинетите ќе добијат бранители по службена должност и даде половина час пауза за процесно да се завршат работите.

Обвинетиот Миле Јанакиевски, побара од Судот да бидат сослушани и Фијат Цановски и Адријан Амзовски, но судијата Ставрев рече дека тоа не е можно зошто тие веќе имаат присуствувано на рочишта за ова судење.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Инаку од Судот информираа дека од технички причини расправата за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ закажана за денеска се одлага за да се одржи судењето за „ТНТ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e