Новинарот Зоран Божиновски излезе од притвор. Еве ја првата изјава

Новинарот Зоран Божиновски кој беше познат како новинар кој обелоденуваше многу криминали на предходната власт на ВМРО – ДПМНЕ  денеска по 14 месеци поминати во притвор конечно излезе на слобода.

Тој својата прва изјава ја даде пред камерата на 24 телевизија:

-Фантастично се чувствувам. Ја влегов со песна и еве сега насмеан и расположен излегувам. Човек кој не е виновен нема зошто да се секира.

Божиновски вели дека не е укинат притворот туку тој е надвор од притвор затоа што денеска е постигнат плафонот односно максималниот период во кој може некој да се држи во притвор а следното рочиште на суд е на 5 септември.

“Правдата излезе на виделина со тоа што јас денеска излегувам неосуден и тоа беше првата главна стратегиска цел, моја и на мојата брилијантна адвокатка, Лела Стојкова.”

Божиновски исто така вели и дека целиот овој период бил изолиран и без пристап до неговата датабаза која требал да ја искористи во функција на негова одбрана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e