На Јутуб се појавија нови аудио записи поврзани со случајот „Рекет“. На нив повторно се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во случајот, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев.
Тој додава дека во неа имало џи-пи-ес, а била шетана и надвор од Македонија.
Истиот глас го споменува и Врховниот суд и извесен Јово. Во аудио записите се споменува и обвинителката Вилма Руковска.