Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во утринската програма на МТВ детално да ја презентираше новата ИПАРД 3 програма и можностите кои се ставаат на располагање за модернизација и развој на македонското земјоделство:
Први во регионот ја започнуваме новата ИПАРД 3 програма, потврдувајќи го уште еднаш лидерското место кое како држава го имаме. ИПАРД 3 програмата носи нови можности за македонското земјоделство, со вкупна европска поддршка од 97 милиони евра.
Само во првиот јавен повик од ИПАРД 3 распишан на 1 септември на располагање ставаме 30 милиони евра за инвестции во мерките 1 и 7. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година.
Авансната исплата до 50% од висината на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот е една од новостите во ИПАРД 3 програмата. Исто така воведуваме и нов начин во обезбедување на потребната документација, олеснувајќи го процесот на апликација, а со тоа и намалување на трошоците за корисниците.
Важна е улогата на медиумите во овој дел, и генерално во земјоделството, бидејќи во овој сектор клучно е навременото и точно информирање на граѓаните, рече министерот Николовски.