НОВИ ЕВРОПСКИ МОЖНОСТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ Николовски домакин на потпретседателот на СДП Хрватска, Ранко Остојиќ

Викендот, пратеникот од СДСМ и поранешен потпретседател на владата на РС Македонија и министер Љупчо Николовски беше домакин на потпретседателот на СДП Хрватска и претседателот на Совет на град Загреб.
“Денес имав чест и задоволство да бидам домаќин на актуелниот потпретседател на СДП Хрватска и мој многу драг долгогодишен пријател, колега и искрен другар Ранко Остојиќ. Тој беше министер за внатрешни работи на Хрватска и е човек со огромно животно искуство од кое се учи.
Тој дојде во Крива Паланка заедно со Матеј Мишиќ кој е моментално претседател на Советот на град Загреб.
Ова беше прилика со Ранко да разговараме за членството во ЕУ како начин да изградиме среден систем, обезбедиме милијарди евра поддршка и ги задржиме младите дома.
Секако, со Матеј како втор човек на Загреб отвараме и нови европски можности за големи проекти и соработка и на локално ниво 😉
Муабетот и нашето познато гостопримство е пропратено со одлична традиционална 🇲🇰 храна, тиквешка ракија и нашиот најдобар вранец 🍷: – напиша на Фејсбук, Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e