Нови директори: Јане Нетковски на Клиниката за уво нос и грло, Христијан Костов на „8 Септември“

Доктор Катерина Ставриќ ќе ја замени Аспазија Софијанова на директорското место на Клиниката за детски болести, неофицијално дознава НОВА од свои извори. Се комлетира листата со имиња на нови директори во клиниките и болниците.

Иако се уште се прават калкулации за некои од клиниките, НОВА неофицијално дознава дека Дејан Докиќ  е сигурен избор на Клиниката за пулмологија, Анѓелко Андоновски кадровик на СДСМ ќе седне во директоркста фотеља во болницата за белодробни заболувања кај децата во Козле. Стојан Бајрактаров ќе биде директор на Клиниката за психијатрија, Јане Нетковски ќе директорува со Клиниката за уво нос и грло. На Клиниката за кожни болести ќе директорува Нина Цаца Биљановска, а Ирина Пановска на Клиника за хематологија.

На пластична хирургија на местото на Смиља Туџарова доаѓа Софија Пејкова, на Клиника за ендокринологија е назначен Горан Петровски. Иако во јавноста подолго време се врти името на Виолета Јованоска како нов директор на Клиниката за гинекологија, НОВА дознава дека нејзиното назначување е се уште спорно и до последен момент не се знае кој ќе се седне на директорското столче на оваа установа.

За нов директор на Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде назначен Христијан Костов исто така кадровик од владеачката партија, тој ќе го замени Сашо Стојчев.

Извор: НОВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e