НОВАТВ денеска е спречена да ја пренесува во живо на интернет расправата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на којашто се разгледува извештајот од работата на Специјалното јавно обвинителство. Образложението на Генералниот секретар на Собранието, г-нот Жарко Денковски е дека нашиот пренос во живо на расправата претставува кршење на Законот за Собрание, други закони кои ја уредуваат работата на Собранието и на собранискиот Деловник. – овјави НОВАТВ.
Минатата недела НОВАТВ во собранието ја снимаше и ја емитуваше во живо на својата веб страница надзорната расправа за поплавите каде што се дискутираше за одговорност на поединци во институции и институции. Незапознаени со новите толкувања на деловникот и на законите, започнавме да ја стримаме седницата која наиде на огромен интерес во јавноста. Малку потоа, во груб разговор генералниот секретар Денковски не информираше дека немаме право да ја пренесуваме расправата, а имаме право да ја снимаме истата.
Целиот текст прочитајте го тука
За поврзани вести продолжете надолу