Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 14-тата седница, а ќе започне во 12:00 часот (Сала за седници на Влада).
На дневниот ред на седницата ќе бидат разгледани повеќе прашања за состојбите и напредокот на процесот на евро-атланската интеграција на Република Македонија.Пред членовите на Владата ќе бидат презентирани информации за користењето и имплементацијата на фондовите на Европската Унија, како прегледот за степенот на реализацијата на приоритетите на Република Македонија за влезот во НАТО.
На дневниот ред на денешната седница е и информација за статусот на реализацијата на Рамковниот договор.
Владата на денешната седница ќе донесе одлуки и за некои кадровски прашања, а ќе разгледа и други прашања и предлози од интерес на граѓаните.