„Болмо Клуб Палма Рива Бич Хотел“ е хотел е одморалиште на вториот по големина остров во Грција, Еритеа. Неделен апартман за двајца вон сезона чини околу 1,200 евра. Или минималната цена за ноќевање е 200 евра.
На првата фотографија е Грозданов во базен, а на втората е Мукоски на терасата
Токму на денот кога владата обзнани дека виси одржувањето на Суперкупот на УЕФА во Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, неговиот брат и директорот на Јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов одмараа во овој ресорт на грчките острови, пишува НОВА ТВ. Читател на НОВАТВ испратил фотографии на кои што се гледа дека токму во време кога се одлучува дали Македонија ќе успее да ги стигне роковите за да ги задоволи критериумите за одржување на Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје, старите пријатели се релаксираат.
И Грозданов и Мукоски беа повикани на одговорност за скандалот со подготовките на македонскиот стадион кои што ја ставија на ризик шансата на Македонија да биде домаќин на спортски хепенинг од светско значење.
Цветко Грозданов не одговори на јавните повици од експертите да се испита дали постои корупција во јавните набавки со оглед на партиските и приватни релации.
УЕФА нотирала серија технички проблеми и побарала итна санација до 15 јули кога тие ќе дојдат во контрола. Едни од проблемите се и неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуација и многу други. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски обзнани дека Цветко Грозданов како директор на Јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор му доделил тендер за поправки на стадионот токму на фирмата на братот на Крсто Мукоски и обвини дека и покрај тендерот фирмата досега не инсполнила никаква обврска. А Грозданов дури и не ја платил се уште котизацијата од 2 милиони денари во УЕФА.
„Правиме напори за соодветно електрично напојување во случај на дефект“, рече Рашковски. Тој нагласи дека Владата ќе ги забрза работите за одржување на Супер Купот во Скопје. „Ако не се одржи во Скопје, загубата ќе биде на цела Македонија“, рече тој.
Рашковски рече дека Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор треба да направи алокација на средства од 2 милиони денари за да се исполнат стандардите на УЕФА.

				
