Продолжува објавувањето на разговори на јутуб каналот„Обнова на режимот“, каде се прикачуваат снимки од повеќе актуелни, но и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Во новата снимка именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошески и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кои договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои слетуваат од странство на охридскиот аеродром до седум часот. Милошески се согласува со идејата и дополнително предложува доколку е можно патниците да се задржат и од страна на царинските службеници со цел да помине повеќе време.
„Ало Тони, можеш ли да збориш?“, прашува Јанкулоска на што Милошески одговара:„ Да , да можам, можам“.
Јанкулоска продолжува: Слушај, првиов авион се повеќетоо спрема Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи му реков на Миле, мислам дека ќе контактира со Илија, најарно е некој камион со песок да се преврти и да се блокира патот“, а Милошески вели: „Може тоа, ама тие ќе ги преземат од таму“, тука повторно зборува Јанкулоска која вели: „Ако , ние ги држиме колку може“, на што Милошески враќа: „Да, да, да“. Царинава може нешто да направи“.
Јанкулоска вели: „Не знам јас царината колку… Ние ги замоливме вака, колегијално и они да направат. Нашиот дел, го исклучивме системот, рачно… Ама не можеш до бесвест. Сто луѓе, имаш 10 полицајци таму. Еден ќе стане ќе оди во ВЦ, сите тие работи, ама пак е ограничено, значи , ние да ги држимњ до …, а од 5 до 5:30 Царинава да ги проматка… ова, она… Оти првиот авион се стружани, стружани колку и да ги држиш ќе стасаат. Пешки да тргнат ќе стасаат. Еве за вториот авион зборам“, а Милошески одговара: Да , да , да“. Јанкулоска продолжува: „Ние малку, малку сообраќајката, малку нешто друго ќе се…“, а Милошески и вели: „Од се по малку, да“, што Јанкулоска додава: „Од се по малку , оти ќе имаме политички проблем… Итоа да е ова негде поблиску до Кичево, оти нив колите од Кичево им се пратени и паркирани се пред Аеродром“, а Милошески и ивели: „Негде кај што е на некое потесно грло“. Јанкулоска повторно: „Кај што е потесно и кај што е понезгодно за…“, по што Милошески вели: „Кај што нема за обиколница“. Јанкулоска потоа продолжува: „Вие си го знаете патот, видете некој од градежнициве нека ви излезе во пресрет. Една приколица песок нека ја изврти таму, камионот штета нема да има, само ќе го блокира патот, ајт со здравје“, а Милошески и вели: „Добро“.
За оваа сообраќајка, претхоно зборуваа и носителот во ИЕ 4 , Александар Николоски и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, каде се споменуваше и дека е зборувано со Гордана Јанкулоска, а зборуваа за гласачи Албанци.
Извор: А1 он