Во две акции во зиминативе два дена, Шумската полиција на лице место фати дрвокрадци како нелегално превезуваат дрва во сопственост на државата.
Една од акциите беше извршена на 25 август, од страна на струшкото одделение на подрачјето на Јабланица, во близина на Ќафасан, каде е откриена и одземена голема количина на бесправна сеча од 300 букови стебла, односно околу 180 м3.
Во втората акција која се оддржа во текот на вчерашниот ден, подрачната единица од Охрид, на планината Караорман, во местото викано Рамна Ливада, откри 40 бесправно исечени букови дрва за огрев. Во акцијата освен дрвата, одземени се и две патнички моторни возила во кои се наоѓала и моторна пила.
Како што информираат од Шумската полиција, втората акција траела цели 15 часа и во многу лоши услови, но на крајот сепак акцијата успеала и дрвокрадците се фатени на лице место. Случајот е предаден на надлежните институции.