Нов скандал во единица: Акмисот „сакаше“ Моника Бахчовановска да му суди на раководството на ВМРО

Попладнево, скопскиот кривичен суд испрати соопштение дека се примени и распоредени предметите на СЈО во судот, објавувајќи во исто време голем скандал, каде што судијката Моника Бахчовановска ќе треба да им суди на целото раководство на ВМРО ДПМНЕ, на Сашо Мијалков, на Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, пишува „Сведок“.

Моника Бахчовановска добила еден куп предмети во кривично полнолетни и ниту еден друг предмет не бил распореден кај било кој од над 20 судии на одделот кривично полнолетни.

Бахчовановска е сопруга на висок функционер на ВМРО ДПМНЕ кој директорува(ше) во неколку јавни претпријатија и се уште е на функција.

Како што соопшти судот, компјутерот „посакал“ Бахчовановска да ги суди : „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“ за Драган Павловиќ и Ивона Талевска, како и „Титаник“ против раководството на ВМРО ДПМНЕ за изборни злоупотреби и „Тортура“ против Сашо Мијалков и припадници на Алфите за апсењето на Љубе Бошковски и негово измачување.

Според судот, „преку автоматска распределба овие предмети се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска“.

Бахчовановска неодамна беше посочена и од Агенцијата за медиуми дека во сите прекршочни пријави што ги поднеле против Сител Телевизија за изборни нерегуларности во информирањето, донела ослободителни пресуди или ги отфрлила пријавите зашто нашла дека не се процесуирани во рок од 72 часа.

Бахчовановска е судија која донесе правно срамна одлука со која правно лице прати во затвор за „клевета“. Ќерка е на екс судијката Загорка Поповска од граѓанскиот суд.

Бахчовановска, од кривично, пред две години под казна беше префрлена на стопански прекршоци, но со последниот распоред Стојанче Рибарев пак ја врати на кривично и и даде да води Кривичен совет.

Предметите кои се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така, како што соопшти судот, преку автоматска распределба се доделени кај судиите:

  • Кај судијата Лидија Петровска предметот „Тарифа“,
  • кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“,
  • кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“,
  • кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“,
  • кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“
  • и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

По барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден- пишува во соопштението на судот..

Извор: Сведок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e